Економија

БОРИС ВУЈЧИЌ, ГУВЕРНЕРОТ НА ХРВАТСКАТА НАРОДНА БАНКА, ИЗБРАН ЗА НАЈДОБАР ГУВЕРНЕР НА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ВО СВЕТОТ

Борис Вујчиќ, гувернерот на Хрватска народна банка, е прогласен за најдобар гувернер на централна банка во светот во 2018 година. Ова престижно признание доаѓа од познатиот магазин The Banker, кој објавува ваков избор уште од 1926 година. Изборот се темели на оценките на редакцијата, банкарите и економските аналитичари. Дополнително, покрај најдобар гувернер глобално, се бираат и најдобри гувернери за поодделните региони во светот.

Критериум при изборот е гувернерите да се заслужни за „стимулирање на растот и стабилизирање на економиите на кои им припаѓаат“. Во образложението за изборот на Вујчиќ за најдобар гувернер во светот се истакнува неговата сестраност, управувањето со централната банка и развојот на хрватската стратегија за приклучување кон еврозоната и истовременото претседавање со Управниот одбор на Виенската иницијатива.

Во неговата изјава по повод изборот, гувернерот Вујчиќ истакна дека тоа е големо признание за Хрватската народна банка и за него лично.  За нив наградата ќе биде дополнителен мотив да продолжат да работат на одржување на стабилноста на цените и девизниот курс, надзорот над банките заради одржување на финансиската стабилност, како и унапредувањето на правата на потрошувачите и нивната информираност.

Изминатите години, гувернерот Вујчиќ во неколку наврати доаѓаше на покана од Народна банка на Република Македонија и учествуваше во панел дискусии за економски теми.   

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано