Економија
Што очекувате во 2019 година? Живко Мукаетов: АКЦЕНТОТ ДА СЕ ПОСТАВИ НА РАСТОТ НА ЕКОНОМИЈАТА И ИНТЕНЗИВНА РАБОТА НА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Живко Мукаетов
генерален директор на Алкалоид АД Скопје
Во 2018 година Македонија направи значаен исчекор во правец на евроатлантските интеграции, што е за поздравување и се надевам дека тој курс ќе продолжи во позитивна насока и во претстојната година, но без разни нерационалности кои би нѐ движеле назад. За 2019 година посакувам акцентот да се постави на растот на економијата и интензивна работа на подобрување на квалитетот на животната средина, кои како главни приоритети би придонеле до зголемување на квалитетот на животот на граѓаните во Република Македонија воопшто. Алкалоид 2018 година ја завршува одлично, со двоцифрен раст на извозот, континуирани инвестиции и нови вработувања. Во 2019 година би сакал да останеме на позитивниот курс и во духот на нашето мото: „Здравјето пред сѐ“, да се соочиме со претстојните предизвици поткрепени со нашето искуство, лидерство, знаење, посветеност на иновации, професионален интегритет и кредибилитет и да генерираме уште подобри резултати во работењето.