Економија
МЕРИОТ ЌЕ ГО ШИРИ БРЕНДОТ КОРТЈАРД НИЗ ЕВРОПА
блиц свет
Американскиот синџир хотели Мериот интернационал (Marriott International) покажа потфрлање на предвидениот раст за првите девет месеци од годината, следејќи го клучниот индекс „приходи по слободна соба“ (revenue per available room - RevPAR). Според деветмесечниот извештај, растот на RevPAR во САД изнесувал само 2 %, далеку под предвидувањата, додека растот во европските хотели изнесувал приближно 6 %. Во согласност со промените на пазарот, Мериот најави дека ќе ги зголеми своите операции во Европа и тоа со изградба на преку 30 хотелски единици од брендот Кортјард (Courtyard) ширејќи го најмногу пазарот во Финска и Исланд. Брендот Кортјард претставува економска исплатлива класа од брендовите Мериот, а компанијата во моментов располага со 63 вакви единици во Европа, а дури 1 145 во светот. Мериот интернационал е еден од најголемите хотелски синџири во светот во чие портфолио влегуваат и луксузните брендови како што се Риц Карлтон, Марки, Булгари итн., на преку шест илјади локации, и годишно генерира приход над 20 милијарди долари.