Економија

АЈ-БИ-ЕМ ГО ПРЕЗЕМА РЕД ХЕТ ЗА 34 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Двете компании соопштија дека е постигнат конечен договор со кој Ај-би-ем (IBM) се обврзува да обезбеди 190 долари за секоја акција од Ред хет (Red Hat), за што компанијата ќе мора да резервира 34 милијарди долари. „Преземањето на ’Ред Хет‘ во целост ја менува состојбата на т.н. ’клауд‘ пазар каде што Ај-би-ем ќе стане најголемиот провајдер на хибриден ’клауд‘ во светот“, изјави Џини Ромети, претедателот и главен извршен директор на компанијата. Ред хет е водечка американска компанија која нуди ’клауд‘ базирани на т.н. „опен сорс“ (open source) платформа која придонесува за брз и широк развој на софтверските алатки. Еден од главните клиенти на компанијата и досега беше Ај-би-ем чија соработка датира повеќе од 20 години. Во меѓувреме, иако во тек е имплементацијата на договорот за преземање, самиот Ред хет ја презема израелската компанија НуБа (NooBaa) чија специјализација претставува чување и менаџирање со дигитални податоци, комплементарен сервис со кој се заокружува „клауд“ процесот на Ред хет.  

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано