Економија
Што очекувате во 2019 година? Владимир Косијер: ОЧЕКУВАМ ВЛАДАТА ДА ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО НА ДОМАШНАТА ПИВСКА ИНДУСТРИЈА ЗА ВРАЌАЊЕ НА АКЦИЗАТА НА ПИВОТО НА НИВОТО ПРЕД НЕЈЗИНОТО ПОСЛЕДНО ПОКАЧУВАЊЕ
Владимир Косијер
генерален директор на Пивара Скопје
Следниов период очекувам значајно префрлање на фокусот од политички на економски теми, што ќе ѝ овозможи на земјава да постигне подинамичен економски раст. Сметам дека проекциите на Владата за раст над 3 % за следнава година се реално остварливи, но за тоа неопходно е инвеститорите да се чувствуваат сигурни дека условите за бизнис во земјава ќе останат стабилни на долг рок за што од големо значење се поволната регулативна и даночна рамка кои би се прилагодувале низ дијалог со бизнисот. Во овој дел очекувам Владата да го прифати барањето на домашната пивска индустрија за враќање на акцизата на пивото на нивото пред нејзиното последно покачување, што ќе донесе поголемо производство, стимулирање на развојот на повеќе витални сектори од домашната економија, зголемени перспективи за отворање нови работни места и зголемен прилив во Буџетот. Очекувам дека поголемиот економски раст ќе придонесе за зголемување на животниот стандард и куповната моќ на населението, што е од клучно значање за вкупната економска активност во земјава и за најзиниот натамошен општествен развој.