Економија

ВО СЛУЧАЈ НА „ТВРД“ БРЕГЗИТ БЛЕК РОК И ГОЛДМАН САКС СЕ СЕЛАТ ОД ОСТРОВОТ

Двете најголеми инвестициски компании кои имаат свои операции на британскиот остров, Блек Рок и Голдман Сакс, развиваат план за преселба на своите операции во Њујорк, во случај на т.н. „тврд“ Брегзит (разделување на Британија со Европската Унија без договор). Во нивниот план е предвидено, по евентуалното регулирање на финансиските правила меѓу Британија и ЕУ во иднина, своето работење повторно да го вратат во Европа, но овојпат на европско тло. Двете компании не откриваат детали за овој план, но и двете формално изјавуваат дека не очекуваат ваков контроверзен развој на настаните, туку напротив, мирна разрешница со јасна регулатива која ќе им остави можност да останат со своите операции на Островот. „Блек Рок е целосно подготвена за сите сценарија и ќе продолжи со одвивање на своите финансиски операции и по БРЕГЗИТ“ – изјавија од компанијата, чие финансиско портфолио се проценува на преку шест илјади милијарди долари. Двете компании во моментов ангажираат преку десет илјади високоплатени стручни кадри во Велика Британија.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано