Економија
СО 300 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ФЕЈСБУК ЌЕ ГИ СПАСУВА ЛОКАЛНИТЕ МЕДИУМИ НИЗ СВЕТОТ
блиц свет
Фајсубук најави дека има намера да инвестира преку 300 милони долари во следните три години со цел да им помогне на локалните медиуми низ целиот свет да се справат со падот на нивното влијание и достапност токму поради ефектот на социјалните мрежи. Инвестициите во пари и знаење (Know-How) треба да им обезбедат на локалните медиуми во САД, но и надвор, да оформат одржливи бизнис-модели со кои ќе опстанат на пазарот. За разлика од порано, Фејсбук најави дека овие инвестиции не се поврзани со некоја од алатките на Фејсбук и директно ги таргетираат само локалните медиуми. „Ќе продолжиме да се бориме против феноменот лажни вести, дезинформации и воопшто лоши вести кои доаѓаат преку социјалните мрежи и Фејсбук“, изјави Камбел Браун, потпретседателот на компанијата задолжен за имплементација на овој проект. Овие општествено корисни активности на Фејсбук зачестија по бројните критики од јавноста и од институциите за одговорноста на компанијата во промоција на говорот на омраза, на дезинформациите, на политичките влијанија итн.