Економија

ШПАРКАСЕ БАНКА ГИ ДОДЕЛИ ПРВИТЕ КРЕДИТИ ЗА СТАРТ-АП „ЧЕКОР ПО ЧЕКОР“

Програмата „Чекор по чекор“на старт-ап бизнисите им овозможи пристап до финансиски средства во вкупен износ од околу 1,5 милиони евра во фондови гарантирани со Програмата за вработување и социјални иновации ЕаСИ (EaSI) на Европската Унија. Младите амбициозни претприемачи, со идеја за создавање сопствен бизнис, беа дел од првата акцелераторска програма од овој вид, која има цел да обезбеди финансиска и општествена поддршка во почетната фаза на започнување сопствен бизнис. „Задоволство ни е што на младите претприемачи им обезбедивме пристап до потребните финансиски средства од традиционални банкарски извор преку Програмата за вработување и социјални иновации на ЕУ, како и средствата на Ерсте и Шпаркасе Групацијата со чија помош ја продолжуваме мисијата на општествено одговорно кредитирање на социјалните бизниси и младите иновативни претприемачи. Во иднина оваа млада генерација претприемачи ќе ја придвижи македонската економија и ќе креира нови можности за вработување во нашава држава“ –изјави Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија. Програмата започна во октомври 2018 година, а 13 бизниси засега добија позитивна евалуација и средства од кредитната линија. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано