Економија

ЛАКИН СОБРА ПРЕКУ ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ВО ПРВОТО ЈАВНО ИЗЛЕГУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ

Кинескиот конкурент на Старбакс, Лакин (Luckin), продаде преку 33 милиони американски депозитни акции (АДА), дури 30 милиони повеќе од првично планираните, по цена од 15 до 17 долари за акција, со што компанијата и официјално влезе на американскиот пазар на капитал.  Лакин е компанија која е основана пред само две години и претставува синџир на кафетерии кои во моментов ја шират својата присутност на територијата на Кина, каде што во овој сегмент на кинескиот пазар сè уште доминира Старбакс. Лакин оперира со над 2 300 продавници низ целата територија, а за оваа година амбицијата на компанијата е да отвори нови 2 500 продажни места и сериозно да ја предизвика водечката позиција на пазарот на кафетерии во Кина, Старбакс. Според анализите на пазарот, во моментов пазарот на кафетерии во Кина е многу потценет, со помалку од 9 милијарди поединечни продажби на кафе годишно, чиј тренд на пораст се очекува да достигне над 15 милијарди продадени кафиња годишно до 2023 година. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано