Економија

ЕВН ВОВЕДЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ВИРУСОТ

блиц Македонија

Во интерес на јавното здравје и по препораките од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, ЕВН презеде низа мерки за заштита на здравјето на вработените и на корисниците, кои ги вклучуваат мерките и препораките за справување со заканата од корона вирусот. Со цел намалување на заканата за ширење на вирусот, од компанијата упатија апел за што е можно поголемо избегнување на корисничките центри, за што ги упатуваат корисниците информациите и услугите да ги реализираат преку нивната веб-страница www.evn.mk или да пратат допис на info@evn.mk, како и да ги користат онлајн услугите на www.evnonline.mk каде што е овозможено да се пријават за електронска фактура – брзо да платат фактури без да мора корисниците да се регистрираат. „Корисниците ги повикуваме да ги применуваат и препораките од Светската здравствена организација и Министерството за здравство поради тоа што општото здравје е резултат и на нашата лична, односно индивидуална одговорност“, стои во соопштението на компанијата. 

ПРЕПОРАЧАНО