Економија

НАРАЧАЈТЕ ОД РЕПТИЛ БЕЗ ДА ЈА НАПУШТИТЕ БЕЗБЕДНОСТА НА ДОМОТ

Маркети Рептил времето на испорака го усогласува согласно со мерките на владата. http://www.marketonline.mk . Со нарачување на храна и средства за хигиена се придржувате и до владината препорака да не ја напуштате сигурноста на домот поради пандемијата од COVID 19, односно коронавирусот.  

„Сѐ што е потребно за новите корисници да можат да пазарат во онлајн маркетот http://www.marketonline.mk е да отворат личен кориснички профил. Односно, кога ќе ја отворат интернет страницата, од мените што се наоѓа највисоко на веб страницата да одберат ‘Упатство за нарачка’ и да ги следат насоките за да креираат личен кориснички профил. Запомнете го корисничкото име и лозинката што ќе ја одберете кога го креирате профилот, затоа што подоцна ќе Ви требаат да се најавите на веб страницата за да нарачате. Има голем избор на производи, исто како да се наоѓате во некој од нашите маркети, одберете и нарачајте сѐ што Ви е потребно, а нашата испорака ќе ги донесе кај Вас дома“, објаснува менаџерскиот тим на Рептил маркетите.

Редовните корисници на онлајн маркетот се во голем број, а Рептил врши испораки и до компаниите и тоа производите се со цените што ги имаат и на полиците.

Кога ќе ја отворите http://www.marketonline.mk може да одберете да ги разгледате новите производи, производите кои се на акција или од менитo за свежа храна. Дополнително може да одберете млечни производи, месо, риба и морски плодови, јајца или зеленчуци и овошје. Во пекарата има богат избор на леб, а може да одберете и детска храна, козметика, производи потребни за домаќинството, производи за здравје и убавина, како и храна за домашните миленици.

Од Рептил гарантираат дека независно од каде ќе нарачате, производите ќе пристигнат на адресата што ќе им ја наведете за достава. Производите се испорачуваат свежи, квалитетни и добро спакувани, како лично да сте пазареле. Со производите ќе добиете испратница и фактура или фискална сметка за извршеното плаќање.

Во случаи кога има проблем да се најде адресата на купувачот, од Рептил директно го контактираат за да ја забрзаат испораката. Испораката се врши на датумот што купувачот ќе го одбере за достава на производите, а часот на достава може да варира поради зголемениот број на испораки. За испорака на производи надвор од Скопје, односно на целата територија на Македонија, може да се нарачаат само производи кои не бараат одредена температура за испорака и рокот на испорака е минимум 24 часа од направената нарачка.

Рептил маркети е членка на Македонската асоцијација за е-трговија.

 

ПРЕПОРАЧАНО