Економија

АНТИКРИЗНИ МЕРКИ

Преглед на примери на антикризни мерки од развиените земји како идеи и поттик за дизајнирање нови мерки според потребите на стопанството

Иако започна како здравствена криза, далеку од Европа и од Македонија, ковид-19 набрзо прерасна и во економска криза, на глобално ниво. Берзите крахираа, цената на нафтата вртоглаво опадна, производството замре, се затвораат фабрики и продавници, работниците се испраќаат на принуден одмор. Кризата штотуку почна, а компаниите веќе се во загуби и во голема неизвесност за иднината.
Иако сѐ уште е тешко да се оцени какви ефекти ќе има кризата врз економијата, сосема е јасно дека се неопходни големи интервенции од страна на владите за задржување на барем одредено ниво на економска активност и избегнување на масовни отпуштања на работници. Сите релевантни меѓународни институции веќе направија надолни ревизии на проекциите за економски раст, а според сите проценки најтежок ќе биде вториот квартал на 2020 година. Надолни ревизии на проекциите за економскиот раст се направени кај сите најзначајни трговски партнери на Македонија. Земјите членки на ЕУ донесоа големи пакети на антикризни мерки и планираат дополнително државно задолжување за да ги намалат негативните ефекти од корона вирусот. На ниво на еврозоната, просечниот износ на ветената поддршка на компаниите е 3 % од БДП. САД предничи со износот кој е веќе одобрен за поддршка на економијата во вредност од 3 600 милијарди евра, што е околу 20 % од БДП за 2020 година. На прво место во ЕУ е Данска со планиран пакет за поддршка од 13 % од БДП. Потоа следуваат Австрија и Шпанија со антикризни пакети во вредност од околу 9,5 % од БДП. Во Германија веќе се оформува нов пакет на мерки, а според одредени проценки јавниот долг би се зголемил од 62 % од БДП во 2019 година на 80 % во 2020 година.
Владата на Република Македонија досега објави два пакета на антикризни мерки за поддршка на стопанството кои се од релативно мал обем. Во прилог даваме преглед на примери на антикризни мерки од развиените земји како идеи и поттик за дизајнирање нови мерки според потребите на стопанството.

ПРЕПОРАЧАНО