Финансии / Банкарство

2020 година: Успешно работење во исклучително тешка година за Групацијата Триглав

блиц свет

Во услови на глобална пандемија ковид-19 и во средина со ниски каматни стапки во 2020 година, Групацијата Триглав ја покажа својата издржливост и финансиска сила, остварувајќи добивка пред оданочување од 90,9 милиони евра (соодветен индекс 90) и зголемен обем на осигурителната премија во износ од 1 233,8 милиони евра (или соодветен индекс 104). Групацијата, која во 2020 година повторно беше оценета со висока бонитетна оценка „А“,  обезбеди деловен континуитет, стабилност и фокус на клиентите. Задоволството на вработените и на клиентите, што компанијата постојано го следи, во 2020 година го достигна највисокото измерено ниво. „Групацијата Триглав покажа издржливост во исклучително тешките деловни услови, ја задржа финансиската сила и ја докажа способноста за ефективно прилагодување кон промените. Оваа година финансиските пазари и економското закрепнување остануваат под влијание на сè уште непознатите димензии на глобалната епидемиолошка ситуација поради што продолжуваме да работиме во неизвесно и тешко деловно опкружување“, изјави Андреј Слапар, претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав. Групацијата Триглав е присутна и на пазарот на Република Северна Македонија преку Триглав Осигурување АД.

ПРЕПОРАЧАНО