Економија

АНАЛИЗА: Кога државниот долг станува проблем?

19.06.2022г.

Анализа на вкупниот бруто надворешниот долг за последните 5 години

 Во економските кулоари постојано се зборува за нивото на долг и притоа секој го толкува на различен начин, а врската помеѓу прикажувањето на бројките и фактичката ситуација најчесто е политичка творба. Некои го споредуваат долгот преку апсолутни вредности, а други како сооднос со БДП и најчесто критиката паѓа кон владата која одлучила да го зголеми долгот. Дополнително позајмените средства пак од друга страна може да бидат искористени на најразлични начини, а тука уште  поретко има согласност за одредени трошења. Кога на светско ниво има толку многу несогласувања, ќе се обидеме да ги сублимираме четирите најчести последици од зголемен долг, за кои економската теорија постигнала одредено ниво на усогласување:

1. Трансфери: Растечкиот државен долг создава диспаритет помеѓу вкупната побарувачка и вкупната понуда во економијата. Притоа мора да постои некој механизам за автоматско прилагодување што ќе ја враќа рамнотежата преку пренесување на приходот од еден сектор на економијата во друг. Овој механизам за трансфер сам по себе може да ја наруши економијата на начини кои директно го поткопуваат растот, иако тоа не е секогаш така.

  1. 2. Финансиски неволји: Зголемениот државен долг може индиректно да го поткопа економскиот раст. Кога има зголемена несигурност за тоа како ќе се распределат реалните трошоци за сервисирање на долгот, истиот може да предизвика различни сектори од економијата да го променат своето однесување со цел да не бидат принудени да ги апсорбираат реалните трошоци на долгот. Овие промени во однесувањето или го поткопуваат растот, или ја зголемуваат финансиската кршливост или и двете.
  2. 3. Фиктивно богатство: Брзиот пораст на долгот може да доведе до систематско создавање на измислен раст и незадоволство. Ова измислено богатство, чиешто создавање ја нарушува економската активност, може да се состои или од “надуени” цени или од капитализација на расходите кои треба посоодветно да се распределат. Но, фикцијата е само привремена и секогаш на крајот се амортизира, иако нејзиното создавање може да опстојува многу години.
  3. 4. Хистереза: Растечкиот долг може да создаде еден вид хистереза ​​во која механизмот за урамнотежување на прилагодувањето создава дополнителни идни трошоци за прилагодување. Најочигледен пример е кога зголемениот државен долг предизвикува финансиска криза, која пак или ја затвора економијата во дефлација предизвикана од долгови или води до политичка криза.

 Од аспект на националниот бруто надворешен долг НБРСМ ги регистрираше следните движења во последните 5 години:


Извор:НБРСМ. Вредностите се изразени во милиони евра

 

Од табелата може да се изведат следните заклучоци:

-          Бруто надворешниот долг е во континуиран пораст во последните 5 години, со тоа што во 2021 година евидентиран е најголем процентуален пораст од 11.85%, со што за прв пат во анализираниот период бележиме двоцифрен процентуален скок.

-          Најголема пропорција во долгот зафаќа долгот на државата, кој зафаќа од 35-38% од вкупниот долг. Притоа, иако во 2021 година долгот на државата е највисок, сепак највисока процентуална застапеност имал во 2020 година кога се искачил на 38%. Она што е значајно да се напомене дека вкупниот долг на државата е долгорочен, а е структуиран од 61% должнички хартии од вредност и 39% заеми(состојба 2021 година).

-          Долгот на централната банка, иако е најмала категорија во апсолутни вредности, сепак за одбележување е нејзиниот скоро 5 кратен пораст во 2021 година. Она што е ново е тоа што централната банка за прв пат во последните 5 години земала заеми во износ од 135 милиони евра, додека остаток од долгот е по основ на специјални права на влечење.

-          Долгот на ставката останати сектори е главно составен од долгот на нефинансиските претпријатија кои учествуваат со 92.5% од вкупната апсолутна вредност.  Она што е интересно е дека во сите 5 години не се нарушил соодносот помеѓу долгорочни и краткорочни обврски во пропорција 64%:36%, без разлика на ефектите од кризата.

-          Долгот по директни инвестиции всушност ги прикажува обврските помеѓу поврзаните претпријатија, односно долгот кој нашите компании го имаат кон инвеститорите(без разлика дали се тие физички лица, компании или групациски инвестиции).  Од сите овие 3 категории најчест облик на вложување е преку друга компанија и тоа со учество од над 76%.

-          Ако се соберат заедно долгот на компаниите и долгот по основ на директни инвестиции се доаѓа до податок дека половина од вкупниот бруто надворешен долг припаѓа на корпоративниот сектор.


(редакција Е&Б)

ПРЕПОРАЧАНО