Економија
Ребаланс на буџет за 2022 година
– анализа на приходната страна –
Во текот на една календарска година државниот буџет може да претрпи големи промени во зависност од тоа какви ќе бидат условите за работа и какви потреби ќе произлезат за финансирање. Скоро и невозможно е однапред да се определат сите ставки во апсолутна големина, па токму затоа во многу наврати годишниот буџет се ревидирал, односно носен е ребаланс на буџет. Во одредени наврати таквите ребаланси водат кон стабилизација на економијата, доколку буџетските трошења се насочени кон правилно антиципирани таргет групи или пак средствата се алоцирани во капитални инвестиции, но често ребалансот на буџетот е поддршка на одредена партиско-популистичка пропаганда.
Тековната година, националниот буџет претрпи нагорен ребаланс, односно почетниот дефицит е дополнително зголемен, за сметка на се поголемите буџетски издатоци. Министерството за финансии дава месечен извештај за движењата на буџетот, а предмет на оваа анализа ќе биде приходната страна, односно како се формираат буџетските приходи и движењата низ првите 6 месеци од 2022 година.

- Од вкупно 245 милиони МКД буџетски приходи, колку што се проектирани со ребалансот на буџетот, во првите 6 месеци акумулирани се 116 милиони МКД, или 47% реализација. Притоа, најмногу средства во буџетот се собрани во месец април, кога државната каса примила 21.7 милиони МКД.
- Даночните приходи и придонеси планирано е да учествуваат со 90% во вкупните приходи. Таквите очекувања со надминати со оглед на тоа дека од вкупните приходи за првите 6 месеци оваа ставка учествува со 91%, иако во апсолутна бројка акумулираните средства претставуваат скоро 48% од годишниот план.
- Најголемата поединечна ставка во приходната страна на буџетот се даноците. Истите, предвидено е да учествуваат со 57.3% во вкупните приходи. Заклучно со јуни 2022 година во државниот буџет по овој основ акумулирани се 68.8 милиони МКД, со реализација од 48.8% од годишната проекција. Кај оваа ставка интересно е тоа што во месец мај собрани се само 9.1 милион МКД, што е под просекот за полугодишните резултати.
- Персоналниот данок на доход и данокот на добивка имаат слична траекторија. На почетокот на годината се во помал износ, а како што одминувале месеците истите се зголемувале, за да го достигнат својот пик во месец април. Меѓутоа нивниот апсолутен износ е доста различен. Приходите од персонален данок се остварени со 48%, споредбено со ребалансот на буџетот за 2022 година, додека приходите од данокот на добивка се реализирани со 67%, што е втор процентуален резултат покрај приходите од административни такси кои се водечки елемент со оствареност од скоро 74%.
- Приходите од ДДВ се едни од најстандардните елементи во структурата на буџетот, со тоа што за првите 6 месеци акумулирани се во износ од 31.8 милиони МКД, а со тоа се трета по големина поединечна ставка. Нивната процентуална реализација изнесува 46.5%, со тоа што месец мај има значително отстапување од околу 40% во однос на останатите месеци.
- Приходите од акцизи се специфични по тоа што тие се единствената ставка каде во месец јануари имало највисоко ниво на приходи, а во наредните месеци обемот опагал. Таквиот тренд придонел полугодишните резултати да бидат остварени со 44.4%. Втората специфика кај оваа категорија е тоа што со ребаласот на буџетот нејзиното апсолутно ниво е намалено за 1.8 милиони МКД.
- Придонесите се втора по големина категорија во приходната ставка и со ребалансот предвидени се 78.5 милиони МКД. Освен во јануари кога по овој основ се собрале 5 милиони МКД, во останатите месеци овој износ е над 6 милиони МКД. Заклучно со јуни 2022 резултатот е акумулација од 36.3 милиони МКД или 46.2% од вкупната пропорција.
- Приходите од фондот за ПИОМ и задравствено осигурување претставуваат 30% од вкупно проектираните приходи со ребалансот на буџетот и нивната реализација од 46% е во рамките на очекувањата. Тука мора да се забележи дека пропорцијата меѓу овие две категории е 1:2.4 во корист на приходите од ПИОМ.
Две ставки, согласно полугодишните податоците, имаат значително потфрлање. Станува збор за капиталнтите приходи и странските донации. Иако нивната пропорција е многу мала, сепак остварениот резултат од само 35% можеби говори за неправилно поставени таргети, а згора на тоа овие две ставки беа со надолна проекција во ребалан
(редакција Е&Б)