Економија
Анализа на стоковната размена – 1 дел
26.12.2022г.
Кога се анализира стоковната размена на Македонија во последните 2 години човек си поставува прашање зошто да не можеме некои работи да ги произведеме дома, односно што е потребно да се намали увозот на стоки од странство, а паралелно на тоа да го стимулираме извозот? Одговорот на овие прашања ќе оставиме да го дадат надлежните институции, а ние преку податоците на државниот завод на статистика ќе направиме обемна анализа околу движењата во стоковната размена според сектори, според групи на земји, според дејности и според економски категории. Првите две категории ќе бидат обработени во првиот дел, а останатите две во вториот дел од анализата.
Долната табела ни дава преглед на вкупниот увоз и извоз во првите 8 месеци од 2021 и 2022 година.

Податоците на површина ги исфрлаат следните заклучоци:
- Во 2022 година се продлабочил јазот помеѓу увозот и извозот. Ако минатата година за 8 месеци сме продуцирале гап од 104 милијарди денари, оваа година тој изнесува скоро 154 милијарди денари. 50 милијарди денари се зголемил јазот во период од една година, или изразено во проценти, пораст од 33%.
- Генерално земено, во првите 8 месеци од 2021 и 2022 година забележан е вкупен пораст и кај увозната и кај извозната страна. Процентуалните податоци покажувват дека извозот се зголемил за 18.4%, додека увозот со 26.3%. Од табелата евидентно е дека во глобала и двете категории имаат пораст кај сите 10 сектори во 2022 година, со еден исклучок кој се однесува на извозот на машини и транспортни уреди, каде генериран е пад од 16.6%.
- Во апсолутни бројки најголем извоз е реализиран преку хемиските и сродни производи со учество во вкупниот извоз од 33.8%. Апсолутниот пораст на овој сектор изнесува 35.6 милијарди денари и со тоа го превзема приматот лидер од секторот машини и транспортни уреди, кој во 2021 година евидентираше најголем извоз кон странство со 89.5 милијарди денари.
- Најголем процентуален пораст на извоз е забелажан кај секторот минерални горива со неверојатни 261.5%, а воедно тоа е третиот по големина апсолутен пораст помеѓу двата периоди.
- На страната на увозот порастот е значително поголем од порастот кај извозот. Заводот за статистика измерил пораст од 26.3%, или за над 101 милијарди денари сме увезле повеќе во споредба со минатата година.
- Ако кај извозот носител на порастот беа хемиските производи, тука главниот збор го имаат минералните горива. Токму оваа категорија го има најголемиот апсолутен скок од скоро 53 милијарди денари повеќе во 2022 година, што претставува пораст од 250%.
- Од друга страна секторот суровини(кои не се храна) освен гориво бележи најголема константност, од причина што таму е евидентиран најмалиот пораст на увоз од само 1.6%.
- Разликата помеѓу увоз и извоз внатре во секторите најмногу е изразена кај производите класирани според материјалот во износ од над 100 милијарди денари во корист на увозот. “Гордоста” на страната на извозот ја предводат хемиските производи со разлика од над 46 милијарди денари.
Класификацијата и анализата на стоковната размена анализирана според групации на земјите може да биде од огромна корист при спроведувањето на одредени политички и стратешки планови за иднина, како и одредени даночни и царински регулативни промени, а согласно тоа ќе ги пренесеме достигнатите резултати на ова поле:

- Податоците покажуваат дека најголем обем на трговија е реализиран со земјите членки на ЕУ 27. Извозот кон овие земји учествувал со 79%, додека увозот партиципирал со 47%, а овие нивоа се одржале низ двете анализирани години.
- На извозната страна сме потфрлиле кон Азиско пацифичкиот регион за над 3 милијарди денари, а дуплиран и извозот кон земјите извознички на нафта.
- На страната на увозот најголем скок е остварен во стоковната размена со заедницата на независни држави и земјите од ЕФТА со 70%,(со нагласок дека апсолутниот пораст кај првата група е за 5 милијарди денари поголем) додека за скоро 1.5 милијарди денари е редуциран увозот од Северноамериканската зона.