Lifestyle
Колку евра се вадат дневно од фонтаната „Ди треви“?
07.03.2024г.
Од фонтаната „Ди Треви“ во Рим просечно дневно се вадат околу три илјади евра, а годишно туристите оставаат над милион евра кои се предаваат на хуманитарната организација на католичката црква Каритас, пренесува Ројтерс.
Каритас во 2022 година собрал вкупно 1,4 милиони евра од фонтаната, а овој износ ќе биде надминат во 2023 година. Оваа организација парите ги користи за финансирање на народната кујна и за општествено корисни проекти.
Рим е меѓу најпосетените градови во светот, а меѓу туристите е раширена легендата дека ако во фонтаната со десна рака се фрли паричка преку левото рамо, враќањето во градот е загарантирано, пренесува Еуроацтив.рс.
фото freepic