Бизнис

Намалување на бројот на молзни крави во Србија

29.03.2024г.

Србија станува зависна од увоз на млеко

Домашното произведено млеко во Србија станува дефицитарен производ, а само во последното тромесечие во 2023 година е намалено за 20 отсто во однос на претходната година. Минатата година производството на конзумно кравјо млеко во млекраниците е намалено за 7,5 отсто, покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика.

Во Србија според резултатите од последниот попис на земјоделството има 725.408 грла говеда, што е намалување од 17,7 отсто во однос на 2018 година. Минатата година е забележано намалување за 9,3 отсто.

-           Млекото е еден од прехранбените артикли за граѓаните, а Србија станува увозно зависна. Тоа е состојбата што ја загрижува стручната јавност. Но тоа се однесува и за месото, вели Жарко Галетин, агроекономски аналитичар во изјава за „Данас“.

Во Србија учеството на кравјото млеко во вкупното производство на домашните стопанства изнесува околу 97 отсто. Капацитетот на молзни крави падна под 170 илјади грла, а тоа не е доволно да ги задоволи потребите на домашните потреби за млеко, заклучува Галетин.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО