Lifestyle

На глобалниот пазар за убавина се вртат милијарди долари

Минатата година глобалниот пазар за производите за нега на кожата ја надмина вредноста од 160 милијарди долари, а продажбата во Европа се зголеми за 10 отсто. Бројот на луѓето кои секојдневно користат козметички производи, како и на различни естетски третмани бележи континуиран нагорен тренд. Во 2020 година „пазарот за убавина“ вредеше 60 милијарди долари, а прогнозите се дека до 2030 година прометот за козметички производи ќе се зголеми за трипати, објави Лидер медиа. 

Како што пишуваат специјализираните портали за убавина за растот на побарувачката за сите видови производи и услуги од козметичката индустрија, влијаат повеќе фактори. Првенствено поради зголемената грижа  на луѓето за сопствениот надворешен изглед и подобрувањето на менталното здравје, но и се поголемото влијание на социјалните мрежи што влијае и на однесувањето на потрошувачите без разлика на нивната возраст.


 

фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано