Lifestyle

Забрзана продажба на луксузни куќи во САД

Медијалната цена на луксузните куќи во САД пораснала за девет отсто  во однос на претходната година и изнесува 1,23 милиони долари во првиот квартал годинава. Според новиот извештај на компанијата за продажба на недвижности „Редфин“, ова  претставува нов рекорд. Цените на луксузните куќи растеле двапати побрзо од стапката на раст на цените на нелуксузните куќи. Медијалната цена на „поевтините“ недвижности достигнала 345.000 долари и е повисока за 4,6 отсто во однос на истиот период минатата година.

Продажбата на луксузните куќи пораснала за 2,1 отсто во првото тромесечие  во однос од пред една година, додека продажбата на нелуксузните куќи е намалена за 4,2 отсто.

Во извештајот се наведува дека оваа диспропорција во продажбата на двете категории недвижности се должи на фактот дека  побогатите купувачи можеле да платат во готово. Ова значи дека за нив немаат влијание  повисоките банкарски камати на кредитите за недвижности. Просечната неделна 30 годишна фиксна хипотекарна стапка во САД  годинава била меѓу 6,62 и 6,9 отсто.

Купувачите на луксузни куќи веруваат дека цените на недвижностите ќе продолжат да растат, па затоа има и зголемена продажба на луксузни куќи се заклучува во извештајот на „Редфин“, пренесува порталот „Бизнис.рс“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано