Финансии / Банкарство
Германија се залага за поголема интеграција на капиталот во ЕУ
24.04.2024г.
Претседателот на Германската централна банка Јоаким Нагел го повика Берлин да го забрза процесот на европската интеграција кој се однесува на поголемо здружување на капиталот во Европската Унија. Првиот човек на Бундесбанката нагласи дека таквата унија би требало да биде еден од главните цели на новата извршна власт на Европската Унија, по изборите за новиот состав на Европскиот парламент во јуни годинава, пренесува „Независне новине“.
- Навистина ни е потребна унија на пазар на капитал, а може и да помислам на нешто слично како за банкарска унија, изјави Нагел на средбата со странски новинари во Берлин.
Европските потреби за финансирање бараат здружување на средствата, за потоа да им се понудат на инвеститорите. Европската комисија проценува дека на Европа и се потребни 750 милијарди евра годишно за економска трансформација, а голем дел од овие средства треба да се финансираат од приватниот сектор, смета Нагел.
фото freepic