Финансии / Банкарство

Унгарија ја намали референтната каматна стапка

Националната банка на Унгарија ја намали референтната на 7,75 отсто. Годишната стапка на инфлација во Унгарија во март се намали на 3,6 отсто, во однос од февруари кога изнесуваше 3,7 отсто. Инфлацијата во март е на најниско ниво од февруари 2021 година, објави Централниот завод за статистика на Унгарија.

Цените на храната во март се зголемиле за 0,7 отсто на меѓугодишно ниво во однос на февруари кога забелешажа раст од 2,2 отсто.

Годишната стапка на базната инфлација во Унгарија во март се намали на 4,4 отсто, а во февруари изнесуваше 5,1 отсто.

На месечно ниво цените во Унгарија се зголемиле за 0,8 отсто во однос на февруари годинава, објави „Еуроњуз“.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО