Финансии / Банкарство
Стопанска банка Скопје со зголемена добивка во првиот квартал
26.04.2024г.
Стопанска банка АД Скопје во првиот квартал од 2024 година продолжи со остварување солидни резултати и висока профитабилност. Добивката пред оданочување и резервации во анализираниот период изнесува 1.345.050 илјади денари, што е 17 отсто повеќе споредено со претходната година. Во истиот период Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 387.330 илјади денари. Добивката на Банката пред оданочување кон крајот на март годинава изнесува 957.720 илјади денари и во однос на истиот период од минатата година е повисока за 23 отсто. Во најголем дел, ова е резултат на зголемените приходи по сите основи поради зголемувањето на обемот на деловните активности, се наведува во анализата на Стопанска банка АД Скопје кон неревидираните финансиски извештаи за периодот од 01.01. - 31.03.2024, што е објавена до дневниот билтен на Македонската берза.
Нето-приходите од каматиизнесуваат 1.565.359 илјади денари и се зголемени за 21 отсто во однос на истиот период од минатата година, како резултат на кредитните активности и вложувањето на вишокот ликвидни средства во првокласни инструменти. Нето-приходите од провизии и надоместоциизнесуваат 213.431 илјади денари и се зголемени за 3 отсто во однос на анализираниот период во 2023 година, што се должи на зголемен обем на активности, односно зголемен обем на испорачани услуги на клиентите, од кои најмногу во делот на услугите во платниот промет и картичното работење. Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 30.773 илјади денари. Останатите приходи од дејностаизнесуваат 113.936 илјади денари.
Остварената добивка пред оданочување и резервации изнесува 1.345.050 илјади денари, додека добивката пред оданочување на 31 март годинава изнесува 957.720 илјади денари и е за 23 отсто повисока во однос на истиот период од минатата година.