Вести

ДЗС: Бројот на работниците во индустријата зголемен за 1,7 отсто

02.05.2024г.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во март 2024 година, во однос на март 2023 година, изнесува 101.7.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи пораст од 5.6 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.5%, и во секторот Снабдување со
електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.7%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4.3 %, Капитални производи за 16.0 % и Tрајни производи за широка
потрошувачка за 11.5 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.9 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2024 година, во однос на периодот јануари – март 2023 година, изнесува 101.9.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано