Lifestyle
Цената на среброто достигна највисоко ниво во последните десет години
18.05.2024г
Трендот на растот на цената на златото на светските берзи е проследен и со растот на цената на среброто. Цената на златото од почетокот на годината е зголемена за 15 отсто, а на среброто за 20 отсто. Во изминатите 25 години цената на среброто е во постојат пораст и е повисока за 575 отсто. Моменталната цена на среброто е меѓу 28 и 30 долари за унца, што е најголема вредност во последните десет години. Среброто е важен метал и е еден од најдобрите проводници, а се користи и во изработка на соларни панели, ветерните турбини и за компоненти за електрични автомобили.
- Кога расте цената на златотот среброто претставува некој алтернативен извор за вложување и го следи растот на цените на златото, изјави Никола Ранковиќ, советник во Центарот за стратешки анализи, аналитика и планирање во Стопанската комора на Србија.
За зголемување на цената на среброто влијаат ризиците на глобалниот пазар, инфлацијата и високите каматни стапки на поважните централни банки во светот. Трета причина е зголемената побарувачка на металите во Кина, вклучително и на среброто и на златото.
Среброто кое се продава како инвестициско сребро и како накит е помалку атрактивно за купувачите но сепак има своја повисока вредност, пишува „Еуроњуз“.
фото freepic