Lifestyle

Висок скок на продажба на нови автомобили во Србија

19.05.2024г.

 

Во првите четири месеци годинава продажбата на нови патнички автомобили во Србија се зголемила за 30,4 отсто во споредба со истиот период лани. Во овој период се продадени 9.713  возила. Зголемување на продажбата има и кај мотоциклите со пораст од 66,5 отсто во однос на минатата година, објави „Новости“.

 

-        Пазарот на автомобили се загрева  и за тоа влијаат повеќе фактори, првенствено поради подобрување на куповната моќ на граѓаните, вели Петар Живковиќ, генерален секретар на Асоцијацијата на автомобислки новинари во Србија.

 

Според истражувањето на Центарот за високи економски студии (ЦЕВЕС), просечната заработувачка од продажбата на автомобили е зголемена за 14 отсто, а реално за три отсто. За некои од моделите на автомобили цената е намалена споредено со минатата година, а кај некои модели има зголемување од десет отсто. На зголемената побарувачка за нови автомобили влијаеле и подобрите услови за испорака од увозниците и подобрите услови за банкарски кредити, кои одобруваат и бескаматни позајмици за определен износ.

 

Годинава има и подобри услови за испорака на новите возила , а некои модели можат веднаш да се преземат од купувачите, без да ги чекаат долгите рокови на испорака. Исто така, и порастот на цените на половните возила влијаеле кај српските купувачи да се одлучат да купат нови возила.


фото freepic

 

 

ПРЕПОРАЧАНО