Финансии / Банкарство

Најава од ЕЦБ за намалување на каматната стапка на 6 јуни!

24.05.2024

На состанокот на Европската централна банка  на 6 јуни годинава ќе биде намалена референтната каматна стапка за 25 базични поени, објави Луис де Гиндос, потпретседателот на ЕЦБ.

Референтната каматна стапка за главните операции за рефинансирање во еврозоната сега изнесува 4,5 отсто, каматната стапка за депозитите е четири отсто, а маргиналната каматна стапка е 4,75 отсто.

-       Банката се залага за разумен пристап кој предвидува намалување на каматата за 0,25 отсто, односно за 25 базични поени, изјави Гиндос, на новинарското прашање дали намалувањето на каматните стапки во еврозоната во јуни е извесно и за колку.

Сепак, тој нагласил дека постои „огромен степен на неизвесност“ за натамошното движење на каматните стапки до крајот на 2024 година.

-       Немаме одлука околу бројот на намалување на каматните стапки. Ќе видиме како ќе се движат економските податоци, изјави потпретседателот на ЕЦБ

Проекциите на Европската централна банка предвидуваат инфлацијата во еврозоната да достигне стабилно ниво од два отсто во средината на 2025 година, пренесува РТВ.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО