Економија
Венецуела отвора нови нафтени платформи
25.05.2024
Венецуела планира до декември 2024 година да го зголеми дневното производство на нафта на 1,23 милиони барели, што е раст од почетокот на годината за околу 290.000 барели дневно, соопштија од владата на Венецуела. Министерот за нафта Педро Телечеа изјави дека ваквиот развој на настаните е очекуван по поставувањето на новите платформи за бушење на нафта, пренесе „Ројтерс“.
Зголемувањето на производството на нафта се случува откако американското министерство за финансии издаде начелно одобрување на шестмесечна дозвола за увоз на нафта. Во меѓувреме, Вашингтон почна да одобрува поединечни овластувања за енергетските компании од Венецуела.
Венецуела располага со 25 активни нафтени платформи од кои дневно се добиваат 924.000 барели нафта, пренесе „Еуроњуз“.
фото freepic