Економија

Во САД има најмногу корисници на крипто валути

Во 2024 година вкупно 88 милиони граѓани во САД ќе користат крипто валути за плаќање на производи и услуги, за инвестирање, тргување и за трансфери. Ова е за 15 милиони лица повеќе од минатата година, покажуваат податоците на порталот „Статиста“.

Годинава, во САД ќе има најголем број на корисници на крипто валутите во светот. Следува Русија со 33 милиони корисници, Јапонија со 23 милиони, Велика Британија со 20 милиони и Германија со 17 милиони.

Според прогнозите на стручњаците, приходот на глобалниот пазар на крипто валути во 2024 година ќе изнесува 51 милијарда долари, а повеќе од половината на прометот е извршен во САД.  

Во 2017 година само пет милиони луѓе во САД користеле крипто валути. Повеќе од 100 милиони Американци, односно една третина од популацијата на оваа земја, во 2028 година ќе користат крипто валути, пренесува порталот „Каматица“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано