Економија

Уништување на пасиштата е опасност за светското производство на храна

Деградацијата на пасиштата во светот поради нестручна и преголема употреба, климатските промени и намалување на биодиверзитетот, претставуваат голема опасност за производството на храна и голем дел од населението ги става во ризик на глад, се наведува во извештајот на Конвенцијата за борба против дезертификација во ОН.

Пасиштата во кои влегуваат и тундрите и површините под грмушки, покриваат 54 отсто од копното на нашата планета. Половината од оваа површина која се користи за испаша на стоката и дивите животни се наоѓа во лоша состојба , што ја загрозува исхраната на 17 отсто од светската популација, пренесува „Данас“.

-             Во решавањето на овој сериозен глобален проблем треба да се користат советите за зачувување на животната средина кои се нудат од традиционалните одгледувачи на стока и на локалните фармери, вели Ибрахим Тиав, секретар на Конвенцијата во ОН.

Две милијарди луѓе во светот директно или индиректно зависат од производството на храна која произлегува од сточарството. Во Западна Африка 80 отсто од популацијата е вработена во сточарската дејност, а 60 отсто од територијата на Средна Азија се користи за испаша на говедата, од која се издржува третина од популацијата на овој регион.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано