Економија

Иран го зголемува дневното производство на нафта

Иран планира да го зголеми производството на нафта на четири милиони барели дневно од сегашните 3,6 милиони барели. Иран во првиот квартал на 2024 година во просек извезуваше 1,56 милиони барели дневно, пренесува „Ројтерс“.

Минатата годин а Техеран во просек извезуваше 1,29 милиони барели дневно, што е зголемување за 50 отсто во однос на 2022 година.

ОПЕК + моментално ги намалува испораките за 2,2 милиони барели дневно за да ги стабилизира цените, а повеќето аналитичари очекуваат овие намалувања на производството да продолжат барем до крајот на септември. 

На светските пазари, цените на нафтата паднаа за повеќе од 2 отсто минатата недела, бидејќи американската ФЕД и другите централни банки во светот би можеле да ги задржат каматните стапки на повисоко ниво подолго од очекуваното. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,1 отсто, на 82,12 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 2,8 отсто, на 77,72 долари.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано