Lifestyle
Хрватските компании имаат период за прилагодување на кибернетската безбедност
Хрватските компании до есента 2025 година треба да се усогласат со новиот Закон за кибернетска безбедност, со чија примена треба да се зајакне безбедноста и отпорноста на вкупната економија, порачуваат од Хрватската стопанска комора.
Законот за кибернетска безбедност во Република Хрватска е усвоен во февруари годинава и речиси сите компании имаат период од 18 месеци за усогласување со законските прописи и со другите директиви на Европската Унија. Во истражувањето кое е спроведено од ХСК, околу 65 отсто од компаниите се во групата на важни стопански субјекти. Фирмите од реалниот сектор имаат обврска да се усогласат и со директивата НИС2, а меѓу нив 73 отсто се од малите и средни претпријатија. Во повеќето компании се изјасниле дека немаат усвоен план за едукација за кибернетските ризици, ни план за справување со евентуални инциденти. Само 25 отсто од анкетираните компании прикажале дека имаат соодветна одбрана од хакерски напади.
Во наредниот период во Хрватска треба да се донесат и дополнителните акти со кои подетално ќе се дефинираат обврските на компаниите, посебно за оние фирми кои имаат критична инфраструктура (сообраќајна, енергетска..), од хемиската и металопреработувачката индустрија до ИТ секторот и компаниите за преработка на отпадот.
Во Европската Унија на секои 11 секунди се случува по еден кибернетски напад со кои се крадат доверливи и деловни информации, а на месечно ниво од компаниите се крадат податоци и до 10 терабајти, објави „Лидер медиа“.
фото freepic