Економија
Економијата на ЕУ зависи од рударството во Финска
28.05.2024
Финска во изминатите години сериозно вложува во развојот на рударството и се обидува да се наметне како сериозен играч на пазарот на метали во Европската Унија. Финска со децении го развиваше рударството, кое има значителен удел во вкупниот извоз на оваа земја. Во Финска функционираат десет универзитети и организации за истражување во рударството. Во оваа нордиска земја функционираат над 200 рударски компании, над 40 рудници и 10 топилници и челичарници. Денес Финска е главен снабдувач на Европската Унија со ретките минерали, како што се бакар, литиум, фосфат, никел, кобалт, злато и други материјали. Финска е единствена земја членка на Европската Унија која произведува фосфат и кобалт, кои се дефицитарни на европскиот пазар.
Финската влада во периодот 2012 и 2016 година ја спроведе развојната програма „Грин мининг“, со финансиска поддршка од 120 милиони евра. Овие инвестиции во рударството продолжија и во наредните години со цел да се поттикне извозот на финската рударска технологија, како и растот и развојот на малите и средни претпријатија во овој сектор. Финскиот концепт на рударење на критичките суровини се состои во промовирање на ефикасна експлоатација на минералите, водата и енергијата за да се намали штетното влијанието на животната средина.
Во септември 2022 година, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја иницираше подготовката на Законот за критични суровини (CRMA), нагласувајќи дека кобалтот, литиумот, никелот и другите ретки метали ќе станат поважни од нафтата и гасот, пренесе Б92.
фото freepic