Економија

Хрватската економија расте побрзо од просекот на ЕУ

Државниот завод за статистика на Хрватска ги објави прелиминарните проценки за растот на националниот бруто домашниот производ (БДП) од 3,9 отсто во првиот квартал годинава  во однос на истиот период лани.

Хрватската економија  расте побавно од последниот квартал од минатата година,кога растот беше 4,4 отсто, пренесува „Пословни “.

Потрошувачката на домаќинствата во Хрватска во последниот квартал пораснала за 6 отсто во однос на истиот период лани. Во последниот квартал од 2023 година  растот на потрошувачката на домаќинствата  изнесувала  5,3 отсто. Во овој период, бруто инвестициите се зголемени за 10,8 отсто на годишна основа.  Државната потрошувачка забележала помал раст од еден отсто, во  однос на растот од 4,6 отсто во претходниот квартал.

Извозот на стоки и услуги од Хрватска е намален во последниот квартал за два отсто . Истовремено, извозот на стоки е зголемен за 2,9 отсто, а извозот на услуги бележи пад од 8,2 отсто.

Евростат неодамна ја објави првата проценка, а  според неа  економијата на Европската Унија пораснала за 0,3 отсто во однос на претходниот квартал, додека на годишно ниво пораснала за 0,4 отсто.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано