Економија

Примената на циркуларна економија сметаме дека е голем предизвик за сите претставници од компаниите кои имаат цел − подобар квалитет и начин на живот

ЦЕНТАР ЗА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА

Како водечка компанија во металопреработувачката индустрија и во електроиндустријата, во Република Северна Македонија континуирано се развива и се докажува во насока на иновација на нови производи, иновации во процесот на производство, иновации во пристапот на работа и опслужување на пазарот со квалитетни производни решенија.
Во текот на изминатиов период, Министерството за животна средина и просторно планирање спроведе низа мерки за отстранување на отпадна опрема и материјали кои содржат ПХБ. За таа цел се наметна потребата од воспоставување и времено складирање на овие отпадни материјали, нивно деконтаминирање и конечно отстранување. Во рамките на компанијата Раде Кончар – Сервис се изгради времено складиште за опремата и за отпадот кои содржат ПХБ и е инсталирана технологија за нивно третирање. Со тоа и главно поле на дејност ќе биде времено складирање и третирање на ПХБ-опремата и отпадот.
На тој начин, со спроведување на потребните активности, се зајакнуваат националните капацитети во управувањето со ПХБ и елиминација или редукција на негативните ефекти предизвикани од ПХБ по човековото здравје и животната средина.
Останати мерки за имплементација на циркуларна економија кон кои нашата компанија цели се: користење на обновливи извори за производство на електрична енергија, минимизирање на потрошувачката на енергија и зачувување на животната средина, минимизирање на отпадот преку рециклирање и повторна употреба на отпад или продавање на друга компанија, подобрување на производи и на услуги со употреба на соодветни материјали, подобрена технолошка, социјална и организациска структура, зголемување на свеста за промена на стилот на живот преку подобро образование, учество, следење и размена на искуства во тековните животни процеси.
Примената на циркуларна економија сметаме дека е голем предизвик за сите претставници од компаниите кои имаат цел − подобар квалитет и начин на живот.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано