Економија
Пивара Скопје: Eдна од нашите најважни заложби − нула СО2 емисии во атмосферата до 2040 година
ЦЕНТАР ЗА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА
Економија и бизнис | печатено издание | 15 мај 2024г.
Пивара Скопје е дел од две големи интернационални групации (Кока-Кола ХБЦ и Хајнекен), а ова подразбира дека ги имаме на располагање нивното знаење и нивното искуство за важни теми како што е циркуларната економија. Концептот на циркуларна економија подразбира иновации и нови технологии, почнувајќи од самиот дизајн, со цел адаптирање на начинот на производство и потрошувачка кон повторна употреба и циркуларност.
Таков пример е рекуперацијата на CO2 од нашите процеси на ферментација на пиво. Наместо да се испушти во атмосферата, тој CO2 се рекуперира и повторно се користи во процесите на производство со што се намалуваат емисиите во атмосферата − една од нашите најважни заложби − нула СО2 емисии во атмосферата до 2040 година. Стаклените шишиња кои ги користиме за нашите производи повторно се користат во просек 16 пати и стаклото кое го користиме за пакување на нашите производи 100 % може да се рециклира, намалувајќи го CO2 отпечатокот на нашите производи.
Уште една наша важна заложба е свет без отпад до 2030 година. Меѓу бројните активности на ова поле е воведувањето на прицврстени капачиња кај целото наше портфолио на безалкохолни пијалаци согласно европската легислатива, пример за нашите амбициозни цели и дејствување.
Продолжуваме без компромис во нашата определба да бидеме препознаени како пример за компанија – лидер на пазарот и вистински партнер на нашите купувачи.