Економија
Комфи Ангел: Текстилниот отпад да започне да се гледа како ресурс за нови производи
ЦЕНТАР ЗА ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА
Економија и бизнис | печатено издание | 15 мај 2024г.
Циркуларната економија има големо значење и голема примена во процесот на работењето на нашата опшествено одговорна компанија Комфи Ангел.
Со самото тоа што се води грижа уште при планирањето на производството, потоа во набавката на видот на репроматеријалите, самиот производствен процес и на крај на отпадот од производство (реслови од текстил), кој повторно се преработува и се враќа назад во производството, можеме да кажеме дека веќе имаме започнато со нејзина примена.
За нејзина имплементација потребни беа дополнителни финансиски средства, нова производствена линија (автоматизирана технологија) и истражување на пазарот за пласирање на производ од самиот тој процес.
Почитувајќи внатрешни и меѓународни законски директиви, имплементиравме стандарди за заштита на животната средина, зелени политики (воведени обновливи извори на енергија и зелени вештини), ЕСГ, се започна и со царинење на текстилниот отпад.
Од овој процес произлегоа нови идеи и креативни решенија, како на пример да бидеме основач на Колективен постапувач со текстил Тексомак. Преку Тексомак сакаме да ја подигнеме општествената свест за заштита на животната средина, текстилниот отпад да започне да се гледа како ресурс за нови производи и можност од него да се добие дополнителна економска вредност за нашава земја, а вооедно и отворање на нови работни места.