Економија

Побарувачката за нови работни места во Германија е релативно слаба

Германските компании се претпазливи при вработувањето на нови работници. Индикаторот со кој се искажува подготвеноста на германските компании за вработување, во мај годинава,  пораснал незначително и изнесува 96,3 поени во споредба со априлските 96 поени, се наведува во извештајот на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

-        Побарувачката за нови работни места во Германија и натаму е релативно слаба. Германските компании кои имаат намалени нарачки размислуваат за отпуштање на работници, изјави Клаус Волрабе, раководител на истражувањето во ИФО.

Компаниите од производството, трговијата и градежништвото се повеќе „расположени“ за отпуштање на работници. Поголемо интересирање за вработување на нови работници има во секторот на услуги и во туризмот.

Германската економија во првото тримесечие во 2024 година се зголеми за 0,2 отсто во однос на претходниот квартал, објави германскиот Сојузен завод за статистика Дестатис, пренесува  Б92.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано