Економија

Просечната работна недела во ЕУ е 36 часа

Реалниот број на работни часови во текот на неделата за жителите на Европската Унија, минатата година,  изнесуваше во просек 36,1 часа, објави Евростат.

Поединечно по земји, според Канцеларијата за статистика на ЕУ, најдолга работна недела има во Грција (39,8 часа), Романија (39,5), Полска (39,3) и Бугарија (39 часа).

Холандија има најкратка работна недела (32,2 часа),  потоа следат Австрија  (33,6) и Германија (34 часа).

Во 2023 година во ЕУ најмногу се работело во секторите:  земјоделство, шумарство и рибарство (41,5   работни часови), во рударство и вадење камен (39,1) и градежништво (38,9).

Најкратка работна недела  е забележана во дејностите: домаќинствата  (26,7 часа), во образованието (31,9) и уметноста, забавата и рекреацијата (33 часа), пренесе „Бизнис и финансии“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано