Економија
Економијата на Србија со раст од 4,7 отсто
31.05.2024
Реалниот раст на бруто домашниот производ во Србија, во првиот квартал од годинава, изнесува 4,7 отсто, во однос на истиот период од 2023 година, објави Републичкиот завод за статистика.
Гледано по активности, во првиот квартал од годинава, значителен реален раст на БДП од 7,3 отсто е забележан во секторите трговија на големо и мало и во сместување и услуги за храна. Индустријата, водоснабдувањето и управувањето со отпадни води оствариле раст од 2,9 отсто и во градежништвото растор е 14,2 отсто.
Во првиот квартал од годинава реален раст е забележан кај сите агрегати . Кај расходите за финална потрошувачка на домаќинствата има раст од 4,4 отсто, кај финална потрошувачка на државата за 3,6 отсто и кај бруто инвестициите во основни средства за 7,3 отсто.
Во првиот квартал од годинава стапката на невработеност во Србија изнесува 9,4 отсто и забележа натамошен пад на годишно ниво. Истиот квартал од 2023 година невработеноста изнесуваше 10 отсто, објави РТВ.
фото freepic