Економија

Виенски институт: Растот на источна Европа зависи од приватната потрошувачка

Наспроти ризиците во меѓународното опкружување, економиите на повеќето земји во централна, источна и југоисточна Европа ќе остварат добри резултати во тековната година, посебно ако се членки на Европската Унија. Ова е заклучокот од новата пролетна прогноза што ја објави Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Во анализата на Виенскиот институт,  во која  биле вклучени  23 земји од регионот, се предвидува раст од три отсто за шесте земји од Западен Балкан.

-            Покрај реалниот раст на платите, што се должи првенствено на значајниот пад на инфлацијата, приватната потрошувачка ќе биде главниот двигател на растот, вели Олга Пиндјук, економист во Виенскиот институт.  

За 2024 година се предвидува просечен раст од 2,5 отсто за земјите од централна и источна Европа, а кои се  членки на ЕУ.  Во 2025 година растот ќе достигне три отсто. Ова ќе биде повеќе за 0,3 отсто  од просекот на еврозоната, чија економија ќе биде во состојба на стагнација. Според анализите на Виенскиот институт,годинава,  економиите од Вишеградската четворка (Полска, Чешка, Словачка и Унгарија) ќе растат со стапка од 2,4 отсто  и за три отсто во 2025 година.

Економското заздравување на Германија, кое се очекува во 2025 година, ќе биде клучен фактор за развојот на регионот. Членките во ЕУ од југоисточна Европа, односно Романија ќе  оствари раст од три отсто и Хрватска од 2,9 отсто.

Институтот од Виена очекува економскиот раст за Турција, за годинава, да изнесува 3,4 отсто, пренесе „Нова економија“.


 фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано