Економија

Пензионерите во Исланд примаат највисоки пензии

Највисоката просечна месечна пензија во земјите од Европа ја примаат граѓаните  на Исланд и изнесува 2.762 евра. Просечната месечна пензија на ниво на Европската Унија е 1.294 евра.  Меѓу десетте земји со највисока просечна пензија се: Луксембург (2.575 евра), Норвешка (2.438), Данска (2.417), Швајцарија (2.138), Австрија (1.962), Холандија (1.931), Ирска (1.906), Шведска (1.838). ) и Белгија (1.737 евра), објави „Еуроњуз“, врз основа на податоците на Евростат, за 2021 година.

Од земјите во поранешна Југославија, највисока просечна месечна пензија има во Словенија (692 евра), потоа Хрватска (388 евра), Црна Гора (291 евро) и Србија (276 евра). Според податоците на Европскиот завод за статистика, Босна и Херцеговина е меѓу европските земји со најниска просечна месечна пензија (237 евра или 474 КМ). Зад неа се Бугарија со 226 евра и Албанија со 131 евро. За Македонија и за Косово нема податоци.


фото freepic 

.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано