Економија
Инфлацијата во еврозоната во мај порасна на 2,6 отсто
01.06.2024
Годишната инфлација во еврозоната се очекува да биде 2,6 отсто во мај 2024 година, што е зголемување во однос на април кога изнесуваше 2,4 отсто, покажуваат прелиминарните проценки на Евростат.
Прелиминарните податоци за мајската инфлација во еврозоната го покажуваат првото забрзување на индексот на потрошувачките цени во тековната година, што може да биде проблематичен сигнал за Европската централна банка (ЕЦБ), која од јуни треба да започне со намалување на каматните стапки.
Базичната инфлација, која ги исклучува трошоците за енергија и храна, се зголеми од 2,7 на 2,9 отсто. Најголемо влијание за повисока инфлација и натаму има услужниот сектор, чиј индекс на цени во мај се зголеми за 4,1 отсто наспроти 3,7 отсто во претходниот месец, пренесува „Сеебиз“.
фото freepic