Lifestyle

Српските туристи во автобусите можат да носат само еден куфер!

Српските туристи кои  на одмор ќе патуваат со автобус преку агенции , од вчера,  ќе можат да носат само еден куфер. Според новите правила, еден патник може да понесе багаж до  23 килограми. Ова правило не е обврзувачко и донесено е во  договор со агенциите, поради проблемите на превозниците кои трпеа штети на возилата со  преголемиот товар на патниците, изјави Александар Сеничиќ, директор на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија (YUTA ).

 

-       Ова правило е воведено заради поголема безбедност на патниците. Претходните години некои од патниците носеа повеќе торби за едно лице, како и дополнителен рачен багаж, а некои носеле и камп опрема, изјави Сеничиќ, за „Еуроњуз“.

Дополнителниот багаж ќе треба да се наплатува по 30 евра за еден куфер. Претходно патниците ќе мораат да се најават во агенцијата за да добијат согласност да понесат повеќе  багаж.  Патниците можат со себе да понесат рачна торба, но таа  да може да се постави во просторот над седиштето. Според Законот за безбедност во сообраќајот за внесување на багаж во кабината за превоз на патници е предвидена казна од 300.000 до два милиони динари.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано