Финансии / Банкарство
„Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Франција
03.06.2024
Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Франција од АА на АА-. Ова намалување на рејтингот на втората по големина економија во Европската Унија, е првпат од 2013 година, поради влошување на буџетските состојба и проценките за тоа дека дефицитот во државната каса на Франција ќе биде над три отсто од БДП до 2027 година.
Со дефицит од 5,5 отсто од БДП во 2023 година, буџетскиот минус на Франција е значително повисок од претходно предвиденото ниво, се наведува во објаснувањето на агенцијата СиП, пренесува Франс24.
Вкупниот долг на Франција ќе се зголеми на околу 112 отсто од БДП до 2027 година, a во 2023 година долгот на земјата изнесуваше 109 отсто.
Франција нема да ја менува својата фискална политика, изјави премиерот Габриел Атал, на почетокот на новата работна недела, кога неговата влада се соочува со два нови предлога за изгласување на недоверба во парламентот.
- Нема да ги зголемиме даноците, веќе имаме премногу даноци во Франција, изјави Атал, откако една од главните кредитни агенции во светот го намали рејтингот на Франција, пренесува „Фена“.
фото freepic