Lifestyle
Населението во Европската Унија ќе се намали до 2070 година
04.06.2024
Во Европската Унија до 2070 година ќе живеат 20 милиони луѓе помалку, а речиси една третина од нив ќе бидат над 65 години. На 1 јануари 2023 година во ЕУ живееле 451,4 милиони луѓе. Со сегашната годишна имиграција во ЕУ од 1,2 милиони, населението ќе се намали на 432,2 милиони до 2070 година.
Во 2023 година учеството на лицата постари од 65 години во ЕУ бил 21,2 отсто и ќе се искачи на 30,5 отсто до 2070 година, објави германската федерална статистичка служба врз основа на податоците на Еуростат.
Според европскиот завод за статистика, намалувањето на населението најмногу ќе го почувствуваат земјите од источна и јужна Европа. Исланд, Малта, Луксембург и Шведска би можеле да сметаат на значително зголемување на бројот на жители.
Институтот пресметал дека без имиграција бројот на жители на Унијата би се намалил подрастично и дека во 2070 година во неа би живееле вкупно 358,4 милиони луѓе.
Во случај на зголемување на бројот на имигранти за една третина, учеството на лицата постари од 65 години би достигнало 29,5 отсто во 2070 година.
Во 2023 година, во Италија живееле најмногу лица на возраст над 65 години или 24 отсто од вкупното население. Следат Португалија со 23,9 отсто и Финска со 23,1 отсто, пренесе „Данас“.
фото freepic