Економија
Во ЕУ е намалена трговијата меѓу земјите членки
05.06.2024
Извозот на стока меѓу земјите на Европската Унија изнесува 4.135 милијарди евра во 2023 година, што е намалување од 2,4 отсто во однос на 2022. Минатата година Германија била рангирана како главен трговски партнер во извозот во ЕУ. Германија, Италија и Франција се трите најголеми трговски партнери и учествуваат со повеќе од 50 отсто во внатрешната трговска размена.
Извозот на стоки во меѓу земјите членки на Унијата покажува месечни флуктуации кои беа изразени во текот на финансиската криза и пандемијата, пренесува Еуростат.
За време на пандемијата, внатрешната размена во ЕУ се намали драматично меѓу февруари и април 2020 година.
фото freepic