Lifestyle

Во кои европски земји живеат најбогатите граѓани?

Нееднаквоста во богатството меѓу европските земји е голема, а според истражувањата за имотната состојба на граѓаните, најбогати земји се Швајцарија и Луксембург. Граѓаните во Швајцарија во просек имаат десет пати повеќе богатство од граѓаните во Полска или Унгaрија, пренесува „Евроњуз“.

Според извештајот за светското богатство, секој граѓанин во Швајцарија располага со 650.000 евра, а во Луксембург со 556.000 евра.  

Извештајот за глобалното богатство за 2023 година, кој е изработен од банката УСБ и Кредит свис, е правен врз основа на податоците за просечното богатство на возрасно лице. Притоа се анализирани финансиската состојба и висината на недвижен имот, кои ги поседуваат домаќинствата намалени за нивните долгови.

Големо богатство поседуваат и граѓаните на нордиските земји, Исланд, Данска и Норвешка, во кои просекот на вредноста на имотот на полнолетните граѓани изнесува 350.000 евра. Просечната вредност на личното богатство во Франција е 296.000 евра, во Германија 243.000 евра и во Италија 210.000 евра.

Земјите од источна Европа и од балканскиот регион имаат понизок просек на лично богатство. Во Словенија, лицата од средната класа, поседува имот во просек околу 106.000 евра, во Хрватска оваа вредност е околу 67.000 евра Во Србија секој полнолетен жител поседува имот во вредност од 32.000 евра, во Босна и Херцеговина околу 31.000 евра и во Турција просечното богатство на граѓаните е околу 16.000 евра, пренесува „Бизнис и финансии“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано