Продажбата на француските жестоки пијалоци се намали во првите пет месеци годинава, што е продолжување на опаѓачкиот тренд во услови на намалена куповна моќ на потрошувачите во Франција и во светот.
Минатата година обемот на извозот на француски пијалоци се намали за 13 отсто односно на 406 милиони литри. Вредноста на извозот е намален за 12 отсто на 4,8 милијарди евра, објави здружението ФФС.
Продажбата на француските алкохолни пијалоци во САД е опадната за 36 отсто, а во истиот сооднос е и намалувањето на приходите. Испораките на коњакот, кој учествува со 70 отсто од францускиот извоз на алкохолни пијалоци, е намалена за 21 отсто.
Намалена продажба на француските алкохолни пијалоци има и на домашниот пазар. Лани во големите малопродажни фирми во Франција продажбата е намалена за 4,3 отсто, односно достигна 251 милион литри. Од 2020 година продажбата на алкохолните пијалоци во Франција е намалена за десет отсто. Консумацијата алкохолни пијалоци во француските угостителски објекти е намалена за два отсто. Причината за ова, се порастот на цените и затоа домашните потрошувачи помалку излегуваат за да заштедат, објаснуваат во ФФС.
Нов удар на домашниот производен сектор би претставувал и кинеската истрага за дампинг цените, по одлуката на Пекинг за поголема контрола на француските пијалоци, како одговор на политиките на Европската Унија за истрага на „субвенционираниот“ извоз на кинески електрични автомобили, пренесува „Бизнис.ба“.
фото freepic