Lifestyle
Во која земја работниците имаат најголем годишен одмор?
16.06.2024
Во Европската Унија минималниот број на денови за годишен одмор зависи од законодавствата на секоја земја. Според Директивата на ЕУ за работното време, секој работник има право на минимум четири недели платен одмор, но некои земји даваат и поголеми можности за одмор. Вработените во Австрија имаат најдолг платен одмор до 40 дена. Работниците во оваа земја имаат 25 дена одмор, а по 25 години поминати во истата компанија, можат да добијат и дополнителни денови за одмор.
Во Франција работниците за секој месец поминат во претпријатието добиваат 2,5 денови одмор односно 30 дена годишно. Французите две недели од одморот мораат да го искористат во периодот од 1 мај до 31 октомври.
Вработените во Велика Британија имаат законско право на 28 слободни денови, во Андора имаат 30 дена, во Молдавија имаат 28 денови за одмор. Во Луксембург одморот трае 26 дена. Во Шведска работниците по една година работа имаат 25 дена или пет недели платен одмор.
Во САД нема сојузен или државен закон кој пропишува колку изнесува минималниот платен одмор. Работниците во оваа земја имаат флексибилни можности за користење на годишен одмор. Според американското Биро за статистика на трудот, 77 отсто од приватните работодавачи нудат платен одмор на своите вработени и тоа во просек 10 дена годишен одмор по остварена една година работен стаж. Во истиот процент од компаниите се одобрува платено слободно време во текот на државните празници, а во една година има во просек осум празници. Просечниот број на платен годишен одмор кои ги нудат приватните работодавачи е десет дена по една година работен стаж, 14 дена за стаж над пет години, 17 дена за десет години и 20 дена одмор за работен стаж над 20 години, објави „Бизнис.рс“.
фото freepic